Н.А. и Г.Р., студенти на дваесет и пет годишна возраст, се запознаа на журка во еден ноќен клуб во Скопје. Н.А. го забележа Г.Р. во толпата и му пријде. И обајцата беа едвај свесни за својата крајно поматена свест, но тоа, проверено, можеше само да придонесе кон забавата. Нецел час откако се сретнаа имаа пијан секс во автомобилот на Г.Р., каде што несакајќи и заспаа.
Следното утро Г.Р. се разбуди сам, со главоболка и дупка во сеќавањето. А со Н.А. се сретнаа сосем случајно, по точно шест дена, на една друга забава. И овојпат не беа трезни, но најпрво разменија две-три реченици, па дури потоа се доопијанија и завршија на каучот на една познаничка од Н.А.
Повторно се сретнаа по три месеци, и повторно сосем случајно. Во старата чаршија, Г.Р. тукушто се раздели од пријателите, и одејќи кон дома ја сретна Н.А., која му предложи да им се придружи нејзе и на пријателката. Вечерта си поминаа одлично: малку се поднапија, а откако пријателката ги остави сами, Г.Р. ја испрати Н.А. до дома. Скришно водеа љубов во нејзината соба. Утрото, пред да си замине, Г.Р. ѝ го побара телефонскиот број.
Ја побара по три дена, со намера да ја покани да излезат на кафе. Додека ја чекаше да му одговори на повикот, му се потеа дланките. А кога Н.А. се согласи да се видат, Г.Р. уште повеќе се возбуди и нервозно почна да шета низ собата. Се прашуваше за што ќе зборуваат, дали имаат заеднички интереси, и воопшто, дали средбата ќе го убеди во тоа дека можеби еден ден тие двајца ќе можат да живеат заедно.